Уплатената котизација или услуга не подлежи на поврат откако е успешно реализирана трансакцијата.
Поврат на средства се одобрува единствено во следните случаи:
Купувачот доставува писмено барање на е-адреса interlink@finki.ukim.mk, со наведени: име и презиме, датум на трансакцијата, износ, причина за поврат и број на референца/трансакција.
Барањата се разгледуваат во рок од 10 работни дена од приемот.
Одобрениот поврат на средства се врши исклучиво преку истиот платежен инструмент (кредитна/дебитна картичка) со кој е извршена првобитната уплата, во рок до 10 работни/банкарски дена од одобрувањето, согласно правилата на картичните организации (Visa/Mastercard) и процесирачката банка.
Барање за сторно на трансакција (целосно откажување на плаќањето) се прифаќа само во истиот ден кога е извршена трансакцијата, пред нејзиното процесирање (settlement) од страна на банката. По истекот на овој рок, се применува постапката опишана во точка 3 и 4.
За прашања поврзани со плаќања и поврат на средства: interlink@finki.ukim.mk.
ФИНКИ Интерлинк, со седиште на ул. Руѓер Бошковиќ 16, ЕДБ 4057025574750, е контролор на лични податоци во смисла на Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија и, каде е применливо, Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR).
При регистрација за конференција или резервација на престој во студентски дом, и при плаќање преку веб-страницата, собираме:
Личните податоци се обработуваат исклучиво за:
Обработката се врши врз основа на: извршување на договор (услугата за која корисникот се регистрирал), законска обврска, и/или согласност на корисникот.
Личните податоци се чуваат само за времетраење потребно за исполнување на целта за која се собрани, односно согласно законските рокови за чување на финансиска и сметководствена документација.
Податоците можат да се споделат со надлежни државни органи - кога тоа е законска обврска;
Личните податоци не се продаваат и не се отстапуваат за маркетинг цели на трети страни.
Секој корисник има право на: пристап до своите лични податоци, исправка на неточни податоци, бришење ("право да се биде заборавен"), ограничување на обработката, преносливост на податоците и приговор на обработката. Барањата се доставуваат на interlink@finki.ukim.mk.
Преземени се соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, губење или злоупотреба, вклучувајќи безбедна (SSL/TLS шифрирана) конекција при плаќање и усогласеност со стандардите на процесорот на плаќања.
Сајтот за наплата не користи колачиња.
За прашања поврзани со заштита на личните податоци: interlink@finki.ukim.mk.